Ekipa
13 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
КИЕВ (АА) - Најмалку тројца украински војници загинаа во последните 24 часа, во судири со проруските бунтовници на источниот дел од Украина, 15 се повредени, соопшти претставник на Претседателството на таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Олександер Мотузјанјук, портпаролот на украинскиот претседател задолжен за источниот дел на земјата, соопшти дека двајцата војници загинале во судири на северното подрачје на конфликти, додека еден припадник на украинските сили загинал во артилериски напад во јужниот дел. Едно лице се води за исчезнато, а 15 се ранети.
Украинските владини сили и проруските бунтовници минатиот месец се договорија примирјето во источниот дел од земјата да продолжи до 1. септември, кога започнува и училишната година во Украина.
Иако уште во февруари минатата година е потпишан мировниот договор во Минск, источниот дел на Украина и понатаму е средиште на чести судири и кревко примирје. Според податоците на ОН, повеќе од 9.400 лица загинаа по избивањето на судирите во април 2014 година.