Mehmet Nuri Uçar
03 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Организацијата за исламска соработка (ОИС) соопшти дека целосно го одбива таканаречениот Мировен план на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„ОИС целосно го отфрла таканаречениот план на Трамп“, истакна шефот на палестинската дипломатија, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Палестина.
Организацијата за исламска соработка денеска во саудискиот град Џеда го одржа својот состанок на ниво на министри за надворешни работи, на кој беше разговарано за таканаречениот Мировен план на Трамп.