Adam Abu-bashal
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
АБУЏА
Четириесет и седум лица го загубија својот живот во оружените напади извршени во северозападниот дел на западноафриканската земја Нигерија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гамбо Иса, полициски началник во Катсина во изјава за локалните медиуми истакна дека неидентификувани вооружени лица извршиле одмазднички напади во подрачјата на Дурсинма, Данмус и Сафана.
Иса информира дека во нападите смртно настрадаа 47 лица, додека голем број лица се повредени.
Според него, повредените се пренесени во болница, додака како резултат на нападите, предизвикана е сериозна материјална штета.
Тој нагласи дека во овие подрачја започнато се воздушни и копнени операции.