Ahmet Furkan Mercan
20 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 6,1 степени се случи на отворени води кај јапонските североисточни префектури Мијаги и Ивате, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Метеоролошката агенција на Јапонија.
Според ова соопштение, епицентарот на земјотресот е на отворени води кај префектурите Мијаги и Ивате.
Се вели дека земјотресот со јачина од 6,1 степен се случи во 05:39 часот по локално време, на длабочина од 50 километри.
Во соопштението не е објавен аларм за цунами.