Mümin Altaş
24 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Тројца турски работници, кои беа киднапирани на 3 ноември 2017 година во либискиот град Аубари, се ослободени по 233 дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации на извори блиски до Владата на Република Турција, вработените на компанијата ЕНКА, Осман Емре Јајкин, Тугрул Џан Капубагли и Сертач Каран, кои беа киднапирани во либискиот град Аубари, на 3 ноември минатата година, се пуштени на слобода.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги информираше семејствата на ослободенте турски инжинери.
Се наведува дека по долготрајните и стрпливи преговори со либиските власти постигнат е договор за ослободување на турските државјани, и дека тие во најкраток можен рок ќе бидат заедно со своите семејства.