Gökhan Kavak
24 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
АБУЏА (АА) - На митингот по повод предизборната кампања на која учествуваше и претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, извршен е бомбашки напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на претседателот, Џорџ Чарамба, соопшти дека за време на предизборната кампања, во градот Булавајо извршен е обид за атентат врз претседателот Емерсон Мнангагва.
Претседателот Мнангагва се извлекол без повреди, додека во нападот се ранети 8 лица, меѓу кои i помошникот на претседателот, Кембо Мохади и неколкумина министри.
Портпаролот информираше дека претседателот Мнангагва е префрлен на безбедно место.
Постои загриженост од зголемување на бројката на повредни.
Видео-снимки од обидот за атентат се објавени на државната темевизија на Зимбабве.