Dilara Zengin
28 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Март 2019
АНТАРКТИК (АА) - ДИЛАРА ЗЕНГИН -
Генералната дирекција за метеорологија (МГМ) при турското Министерство за земјоделство и шумарство ја основаше првата автоматската набљудувачка метеоролошка станица на Турција на Антарктикот, во рамки на 3. Национална научна експедиција на Антарктикот, јавува Anadolu Agency (AA).
Метеоролошките работи се одвиваат во рамки на 3. Национална научна експедиција на Антарктикот, под покровителство на турското Претседателство, и под надлежност на турското Министерство за индустрија и технологија.
Во рамки на оваа експедиција, од страна на МГМ е основана првата автоматска набљудувачка метеоролошка станица на Турција на овој континент.

Активностите, со предизвиците за оваа станица која е основана на островот Хорсшу, каде што се наоѓа турскиот научен камп, траеја 4 дена. Одвреме-навреме работите беа попречени од силни ветрови, но беа комплетирани со поддршка на научниците.
- „Покажавме отпор против ветрот и студот“
Мехмет Јикилмаз, инженер од МГМ, во изјава за АА истакна дека тие како институција за првпат учествувале во Националната научна експедиција на Антарктикот која се организира во координација на Центарот за истражување на половите при Техничкиот универзитет во Истанбул.
Јикилмаз нагласи дека вложиле интензивна работа за основање на оваа станица. „Покажавме отпор против ветрот и студот. На оваа станица ќе бидат измерени параметрите како температура, влажност, притисок, врнежи од снег“, додаде тој.

Јикилмаз рече дека поради силните ветрови се соочиле со тешкотии во транспортирањето на материјалите. Тој нагласи дека материјалите кои тежат околу 450 килограми, најпрвин со хеликоптер ги носеле до брегот на островот Хорсшу, а потоа на ридот на кој ќе се изгради станицата.
Според него, на долг рок на овој континент ќе може да се изгради уред за мерење на озонот, додека, како што рече, нивниот приоритет се метеоролошките податоци.
Од оваа станица во период од две години ќе се добијат метеоролошки податоци за брзината и насоката на ветрот, температурата, влажноста, врнежите, притисокот, висината на снегот, глобалната сончева радијација и траењето на сончевото зрачење.
Министерот за индустрија и технологија на Турција, Мустафа Варанк, одблизу ги следи и е информиран за настаните во врска со изградбата на метеоролошката станица.
Тој ги испитуваше и првите податоци добиени од оваа станица.