Nuri Aydın
22 Декември 2022•Ажурирај: 28 Декември 2022
ТОРОНТО (АА) - Осум девојчиња кои се запознале преку социјалните мрежи во Канада убиле 59-годишен бездомник, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата во Торонто соопшти дека осум девојчиња, од кои три на возраст од 13, три на возраст од 14 и две на возраст од 16 години, во неделата наутро со нож нападнале едно лице во центарот на градот.
Информирајќи дека девојчињата се собрале запознавајќи се преку социјалните мрежи, полицијата соопшти дека 59-годишниот бездомник загинал во инцидент кога девојчињата се обиделе да му го одземат шишето со алкохол.
Соопштувајќи дека не е позната причината поради која девојчињата се состанале, полицијата информира дека е продолжен притворот на групата малолетнички.
На местото на настанот полицијата пронашла различно оружје, а за целиот настан биле известени семејствата на девојчињата.