Sayed Khodaberdi Sadat
19 Мај 2018•Ажурирај: 20 Мај 2018
КАБУЛ (АА) - Најмалку осум лица загинаа во бомбашки напад врз стадионот за крикет во авганистанскиот град Џалалабад, во источната провинција Нагнархар, јавува Anadolu Agency (AA)
Портпаролката на Канцеларијата на гувернерот на Нангархар, Атаулах Хогјани, за АА изјави дека нападот се случил за време на Рамазанската лига. Како што рече, со далечински управувач биле активирани три бомби, претходно поставени на стадионот.
Најмалку 8 луѓе загинаа во нападот, вклучувајќи и 1 играч, додека најмалку 45 лица беа повредени.
Хогјани додаде дека повредените биле пренесени во болниците, а меѓу нив има и такви кои се во критична состојба.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Талибанците издадоа соопштение во кое се вели дека немаат никаква поврзаност со нападот.