Sümeyye Dilara Dinçer
02 Јули 2022•Ажурирај: 04 Јули 2022
ЛИМА (АА) - Од свлечиште во Перу оштетени се најмалку 150 станбени објекти, а од катастрофата се погодени повеќе од 200 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Свлечиштето се случило во регионот Чавин де Хуантар, соопшти перуанската новинска агенција Андина.
Регионалната влада на Анкаш објави дека 204 лица се погодени од одрон на брдото Круз де Шалапа.
Официјални претставници информираа дека се оштетени 150 објекти, а 70 од тие куќи не биле за живеење и додадоа дека во несреќата нема настрадани.