Ekip
02 Јули 2022•Ажурирај: 04 Јули 2022
МОГАДИШУ (АА) - Најмалку петмина војници загинаа, а неколкумина се ранети денес во напад врз припадниците на силите на Африканската унија во Сомалија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Конвој на Транзиционата мисија на Африканската унија во Сомалија (ATMIS) наиде на нагазна мина на периферијата Марк, главниот град на провинцијата на југозападниот регион Долно Шабеле.
Петмина од загинатите војници се од Уганда и служеа во мисијата на Африканската унија, објавија локалните медиуми.
Официјални лица од регионот го потврдија нападот, но не го прецизираа бројот на загинати.
Терористичката група Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.