Emre Gürkan Abay
07 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
МОСКВА (AA) - Во Република Чеченија, која и припаѓа на Руската Федерација, најмалку пет лица го загубиле животот во падот на хеликоптер, јавува Anadolu Agency (AA).
„Хеликоптерот „Ми-8“ за кој се верува дека им припаѓа на руските гранични сили падна во Чеченија“, наведе руската новинска агенција „РИА Новости“, врз основа на регионални извори.
Според првичните сознанија, во хеликоптерот имало 9 лица, а најмалку 5 лица ги загубиле своите животи.
Се наведува дека голем број амбулантни возила се упатиле во регионот, а сè уште нема официјална изјава за несреќата.