Ekipa
07 Март 2018•Ажурирај: 07 Март 2018
СЕУЛ (АА) - Шефот на канцеларијата за национална безбедност на Јужна Кореја, Чунг Еуи Јонг, утре ќе отпатува во посета на Вашингтон за да им пренесе на властите на САД тајни пораки што им ги праќаат властите на Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на јужнокорејскиот претседател, Сината куќа, потврдија дека Чунг утре патува во Вашингтон со тајни пораки.
Чунг во понеделник ја предводеше делегацијата на Јужна Кореја во посета на Пјонгјанг, за време на која се состана и со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Во својство на специјален пратеник на јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, Чунг вчера по враќањето од Северна Кореја соопшти низа договори што ги постигнал во Пјонгјанг.
Договорено е следниот месец да се одржи самит на лидери на двете Кореи, а властите на Северна Кореја изразија подготвеност за дијалог и со САД и започнување на процесот на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.