Mustafa Deveci
19 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Сенатот на Пакистан го прифати предлогот со кој се бара од администрацијата на Вашингтон да исплати надомест за пакистанските цивили кои го загубиле својот живот во нападите на беспилотните летала на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Во предлогот кој беше прифатен со мнозинство гласови во Сенатот, се бара од централната власт да побара од администрацијата на Вашингтон исплата на надомест за загинатите цивили и за штетата предизвикана во нападите на беспилотните летала на САД.
Сенатот испрати по една копија од предлогот на владата до институциите како ОН, ЕУ, Азиското парламентарно собрание (АПА) и побара да се привлече внимание на негативното влијание врз општествениот и економскиот живот на Пакистан предизвикан од страна на нападите на беспилотните летала на САД.
Според податоците на Организацијата за истражувачко новинарство со седиште во Лондон, која ги следи нападите на беспилотните летала на САД, од 2004 година до сега загинале над 400 пакистански цивили во нападите на беспилотните летала на САД.