Emre Aytekin
27 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
АНКАРА (AA) – Пакистанската војска сруши два авиони на воздушните сили на Индија кои влегоа во пакистанскиот воздушен простор, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на пакистанската војска Асиф Гафур соопшти дека пакистанските сили интервенираа откако рано утрово во пакистанскиот воздушен простор влегле воени авиони на Индија.
Тој рече дека пакистанските сили срушиле два индиски авиони и дека еден паднал во рамките на границите на Пакистан, додека другиот се срушил на територијата на Индија.
Гафур исто така рече дека пилотот на едниот срушен авион е пронајден заробен во Пакистан.
Инцидентот се случи во кризниот регион на Кашмир. Еден соборен авион падна во пакистанскиот Азад Кашмир, додека другиот падна во Џаму и Кашмир, во Индија.
Пред инцидентот и три пакистански авиони влегоа во воздушниот простор на Џаму и Кашмир, што предизвика реакција на индиските сили.
- Индија сруши авион на пакистанската војска
Индиските медиуми наведоа дека војската на таа земја срушила пакистански авион кој влегол во нивниот воздушен простор.
Вооружените сили на Индија утрово срушија воен авион на Пакистан во кризното подрачје на Кашмир.
Индиските медиуми јавуваат дека индиските сили во Џама и Кашмир срушиле борбен авион од типот F16 на пакистанската војска кој влегол во воздушниот простор под контрола на Индија.
По двостраното соборување на авионите на воздушние сили на Индија и Пакистан во повеќе градови на овие земји затворени се аеродромите за цивилиот воздушен сообраќај.
Тензиите во кризниот Кашмир ескалираа на 14 февруари кога во бомбашки напад се убиени 44 војници во Индија. Индија за нападот го обвини Пакистан, а официјален Исламабад ги отфрли обвиненијата и го осуди тој напад.