Ekip
03 Јули 2022•Ажурирај: 04 Јули 2022
РАМАЛА (АА) - Палестина денес ја повика меѓународната заедница да го зголеми притисокот кон Израел за да се запрат ископувањата околу комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Палестинското Министерство за надворешни работи ја повика американската администрација и меѓународната заедница да интервенираат „за да се запрат израелските ископувања пред и околу комплексот Ал Акса пред да биде предоцна“.
Се предупредува дека израелските ископувања „ги имаат за цел темелите на џамијата Ал Акса“.
Во петокот Управата за вакуфи, која ги надгледува светите места во Кудс, предупреди на пукнатини и пад на некои камени делови во комплексот поради израелските ископувања.
Израелските власти не се огласија по повод овие наводи.
За муслиманите Ал Акса претставува трето најважно светилиште, а Евреите тврдат дека на тоа место некогаш се наоѓале два еврејски храма.
Комплексот Ал Акса, кој се протега на 15 отсто од површината на јадрото на Кудс, се наоѓа под израелска окупација, а претставува точка на соединување на трите најголеми религии во светот.
Израел го окупираше Источен Кудс, каде што се наоѓа Ал Акса, во текот на арапско-израелската војна во 1967 година.
Израел го анектираше целиот град во 1980 година, а меѓународната заедница никогаш не ја призна таа постапка.