Aşkın Kıyağan
03 Јули 2022•Ажурирај: 04 Јули 2022
ПРАГА (АА) - Чешкиот премиер Петр Фиала изјави дека ќе ја поддржи заштитата на словачкиот воздушен простор од септември оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи се пред чешките новинари, Фиала изјави дека Словачка се граничи со „Украина, која е нападната од Русија“, и дека во интерес на Чешка е да го заштити воздушниот простор на таа земја.
Напоменувајќи дека Словачка ќе ги замени воените авиони од типот Миг-29 со Ф-16, Фиала изјави дека во тој процес ќе го поддржат својот сосед и дека посебно од септември ќе преземат активна улога во заштитата на воздушниот простор на таа земја.
Едуард Хегер, премиерот на Словачка, исто така соопшти дека на неговата земја ѝ е потребна поддршка од Чешка најмалку една година и напомена дека не е против ставот за давање на авионите од типот Миг од руско производство на Украина.