17 Октомври 2023•Ажурирај: 18 Октомври 2023
САРАЕВО (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи тридневна жалост по израелскиот воздушен напад врз баптистичката болница Ел Ахли во Газа во кој загинаа повеќе од 500 луѓе, јавува Анадолу.
Генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) Хусеин ал Шеик објави дека Абас се враќа на Западниот Брег од Јордан и свика итен лидерски состанок за вечерва.
„Геноцидот не може да се толерира“, изјави генералниот секретар на ПЛО.
Палестинските власти наведоа дека израелските окупаторски сили извршиле геноцид со бомбардирање на баптистичката болница Ал Ахли.
И палестинската група Хамас објави дека нападот на болницата од страна на Израел е геноцид.
Нападот ги поттикна палестинските фракции на Западниот Брег да повикаат на протести. Репортерот на Анадолу објави дека на Западниот Брег избувнуваат протести за осуда на израелскиот воздушен напад врз болницата.
Дописникот на Анадолу јави дека протести избувнале и во главниот град на Тунис.
Инаку, над 500 луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз баптистичката болница Ал-Ахли во Газа, изјави за Анадолу портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кудра.
На снимките од местото на нападот се гледаат трупови во кругот на болницата.