Zeynep Tüfekçi
09 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
РАМАЛА (АА) - Лекарите, стоматолозите и фармацевтите во Палестина донесоа одлука да ги бојкотираат медицинските средства како и лековите на САД кои го признаа Ерусалим како главен град на Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Синдикатот на палестински лекари, Низам Неџиб, преку објава на Фејсбук соопшти дека три синдикати чии членови се палестинските лекари, стоматолоци и фармацевти, донеле одлука за бојкотирање на медицинските сретства како и лекови од потекло во САД.
Неџиб вели дека пријателските арапски земји можат да се преферираат за снабдување со овие средства. „Со одлуката околу Ерусалим, САД стана во позиција на окупатор во нашите територии. Наше е да покажеме отпор и заканување на нивните интереси со различни начини“ додаде тој.