Vesna Besiç
18 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
МОСКВА (АА) - Голем број на родители со децата присуствуваа на парадата на различни костими во руската престолнина Москва, пишува Anadolu Agency (AA).
Децата во колички маскирани во тенкови, возчиња, пиратски бродови беа исто така облечени во костими во склад со количките, така да на парадата можеа да се видат деца гусари, принцези, тигри но и пчелички.
Од целокупниот амбиент не одвојуваа ни родителите кои беа облечени во различни костими. Многу бои, смеа и ведро расположение имаше денес на парадата во Москва. На парадата можеше да се види и креативноста на голем број на родители кои се на различни начини се обидува да ја разубават оваа парада.
Објективот на фоторепортерот на АА забележа добра атмосфера на родители и нивните деца на московските улици.