Ekipa
27 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
КУВАЈТ (АА) - Предвремените парламентарни избори во Кувајт, од 50 пратенички места, само едно место ѝ припадна на женска кандидатка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Либералната кандидатка Сафа ал-Хашим, е единствената жена во Парламентот од вкупно 15 коишто се кандидираа.
Според пишувањето на тамошните медиуми, речиси поливина од пратеничките места ѝ припаднаа на опозицијата.
Анкетите покажуваат дека излезноста на бирачите изнесувала 70 отсто, а граѓаните на Кувајт сочинуваат 30 отсто од популацијата од вкупно 4,4 милиони жители.
Изборите коишто се одржаа вчера во Кувајт, се седми по ред во изминатите десет години.
Кувајтскиот емир Шеих Сабах ал-Ахмед ес-Сабах, на 16 октомври оваа година го распушти парламентот. Како причина за распуштањето на Парламентот, емирот тогаш ги наведе регионалниот развој и безбедосните предизвици.