Ekip
08 Јануари 2019•Ажурирај: 09 Јануари 2019
ПЕКИНГ (AA) - Службени лица во Пекинг потврдија дека машко лице со нож повредило 20 деца во основно училиште, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинеските медиуми објавија дека повредените деца се префрлени на лекување во болница. Тројца ученици се тешко повредени, а повеќето од нив се наоѓаат на оддели за интензивна нега.
Напаѓачот е уапсен, а трагедијата се случи околу 11 часот по локално време.
На снимките и фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи се гледаат родителите кои бараат информации од вработените во училиштето.
Насилните злосторства се ретки во Кина, но во последните години се забележани повеќе напади со ножеви и секири. Честа цел на нападите беа ученици во училиштата.