Mücahit Oktay
28 Јуни 2021•Ажурирај: 28 Јуни 2021
ЊУЈОРК (АА) - Американските воени сили по наредба на претседателот Џо Бајден извршиле воздушни напади врз објектите што ги користеле милициските групи поддржани од Иран во пограничниот регион Ирак - Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава од Пентагон, во врска со нападот што се случи на полноќ, се наведува:
„Цел беа објектите на милициите поддржани од Иран во пограничниот регион Ирак - Сирија, кои извршија напади со беспилотно летало (ИХА) врз персоналот на САД.“
Во изјавата се нагласува дека нападот е извршен за да се заштити персоналот на САД и се додава: „Со вечерашните воздушни напади се потврдува дека претседателот Бајден јасно стави до знаење дека секогаш ќе презема мерки за заштита на американскиот персонал.“
Истакнато е дека нападите биле насочени врз оперативните бази и просториите за складирање оружје на иранските сили што се наоѓаат во Сирија и во Ирак.
Меѓу другото, се потсетува дека американските сили се наоѓаат во регионот на покана од ирачката Влада да помогнат во борбата против ДЕАШ и дека воздушниот напад е извршен за да се испрати јасна порака за нападите извршени против нив.