Kasım İleri
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Пентагон на прашања на одредени новинари одговори дека имаат намера да го вратат тешкото оружје кое претходно го испорачале на организацијата ПКК/ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Пентагон Роберт Менинг на новинарско прашање за тоа дали САД планира да изврши враќање на оружјето кое претходно го дале на ПКК/ПЈД, во пишано соопштение соопшти дека постои таква намера.
„Наша намера е откако ќе бидат отстранети одредени закани, тешкото орудје и оружје да бидат собрани", рече Менинг.
Додаде дека американските војници на теренот следат за кои цели се користи спомнатото оружје.
Нагласи дека воените сили кои ги поддржува САД го прифатиле условот дека ќе се придржуваат до Женевската конвенција како и конвенциите за вооружени судири.
Функционерите на Пентагон претходно порачаа дека ќе продолжат да ги поддржуваат ПКК/ПЈД во рамките на борбата против терористите на ДЕАШ.