Ecenur Çolak
15 Декември 2017•Ажурирај: 16 Декември 2017
РИМ (АА) - Градскиот совет на италијанскиот главен град Рим, по повеќе од 2.000 години од смртта на римскиот поет Овидиус, ја поништи казната за протерување која му била доделена, пренесува Anadolu Agency (AA).
Италијанската агенција АНСА, соопшти дека Градскиот совет на Рим ја поништил казната за протерување на Овидиус, еден од тројцата најзначајни поети на Латинската книжевност, по повеќе од 2.000 години од неговата смрт.
Градскиот совет, казната за протерување ја поништи на предлог на опозициската партија Движење 5 ѕвезди (M5S).
Движење 5 ѕвезди истакнува дека барањето за укинувањето на казната за Овидиус е со цел да се отстрани вината врз латинскиот поет.
Овидиус, кој заедно со Вергилиус и Хоратиус е еден од тројцата најпознати поети во римскиот период, во 8. година од новата ера е протеран во Констанца (Романија). Поетот, од прогонот до својата смрт живеел 9 години во Констанца
Овидиус е познат по својата нарација за создавањето на светот во 15 тома под наслов „Метаморфози” и делото „Уметност на љубовта”. Песната „Херо и Леандар” е најстаро дело кое се поврзува со Моминската кула во Истанбул.