Turgut Alp Boyraz,Eshat Fırat
15 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
КУДС (АА) - Израелската полиција во Кудс, по петочната молива употреби сила и солзавци врз демонстрантите кои се собраа во занк на протест за Кудс, јавува Anadolu Agency (AA).
Жителите на Кудс организираа демонстрации во знак на протест на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, признавајќи го Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел.

Демонстрантите, по петочната молитва во џамијата Ал Акса, со знамиња и пароли во рацете се упатија кон Портата Дамаск на Кудс, кој е обиколен со ѕидини.
Израелската полиција претходно постави железни барикади на улиците на Кудс и пред портите на градот, недозволувајќи им на демонстрантите да пристигнат до Портата Дамаск.

Полицијата употребувајќи солзавец се обиде да ги подели демонстрантите, и спроведе приведувања, со цел да го растури протестот.
Палестинците кои успеаја да се соберат пред Портата Дамаск, израелската полиција ги растера употребувајќи сила.

Палестинците кои се растурија по споредните улици, имаа судири со израелската полиција.
По улиците на Кудс има позиционирано големброј израелски полицајци.Полициската коњаница е подготвена да и помогне на пешадиската полиција.