Tevfik Durul
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
СЕУЛ (АА) - Јужна и Северна Кореја по две години пауза повторно почнаа да преговараaт на високо ниво, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот што се одржа во Панмуњом, којшто е демилитаризирана зона на границата меѓу двете земји, Јужна и Северна Кореја имаа по пет претставници.
Јужнокорејскиот министер за обединување, Чо Мјонг-гјон, пред состанокот изјави дека ќе направи напори кон прв чекор во подобрувањето на односите меѓу двете Кореи со што Зимските олимписки игри во Пјонгчанг би добиле карактер на фестивал на мирот.
Чо рече дека ако преговорите вродат со плод, нема да постапи брзо и дека состаноците ќе можат да продолжат.
Претседателот на Севернокорејскиот одбор за мирно обединување, Ри Сон-гвон, рече дека постои надеж оти двете Кореи ќе преговараат со близок и лојален тон.
Се очекува дека високите претставници на Сеул и Пјонгјанг на состаноците ќе зборуваат за учеството на спортистите од Северна Кореја на Зимските олимписки игри, кои оваа година ќе се одржат во Пјонгчанг во Јужна Кореја, како и за подобрување на билатералните односи и денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Преговорите што започнаа денес се првите на високо ниво од декември 2015 година.