Ekipa
21 Јули 2019•Ажурирај: 22 Јули 2019
ЛИСАБОН
Осуммина пожарникари се повредени во шумските пожари што го зафатија централниот дел на Португалија. Со огнот во Португалија се борат повеќе од 1.000 пожарникари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Португалската Цивилна заштита соопшти дека пожарот во саботата избувнал во дистриктот Кастело Бранко, 200 километри североисточно од престолнината Лисабон.
Шумските пожари во саботата попладне се проширија и во непристапните подрачја. Во гаснењето на пожарот се ангажирани стотина противпожарни возила и 10 канадери.
Во пожарот е повреден и цивил, кој набргу е евакуиран и хоспитализиран.
Ова е прв голем шумски пожар во Португалија во 2019 година. Во серијата шумски пожари што ја зафатија оваа земја во 2017 година, смртно настрадаа 106 лица.