Tuba Onğun
26 Март 2022•Ажурирај: 27 Март 2022
АНКАРА (АА) - Повеќе од 450 компании се повлекоа од Русија откако таа земја започна војна против Украина, а некои продолжија со вообичаената работа, известува Агенција Анадолија (АА).
Школата за менаџмент „Јеил“ објави листа на компании што се повлекоа од рускиот пазар.
Меѓу компаниите што последни во низата најавија заминување од Русија се: Airbnb, Deloitte, eBay, Netflix, Shell, Uber, Renault, Samsung, Apple, TikTok, Toyota, Visa и Adidas.
Џефри Соненфилд, професор по менаџмент на „Јеил“, изјави дека сите тие компании со своето повлекување помогнале милиони луѓе низ целиот свет да се поттикнат да ја подигнат свеста и да преземат акција против Русија.
Листата е поделена во 5 категории и содржи компании што се повлекле од Русија, компании кои ја запреле работата, компании кои значително ја намалиле работата, компании кои „купуваат време“ и ги задржуваат новите инвестиции во Русија и компании кои им одолеваат на апелите за повлекување од Русија.
Прв таков извештај е објавен во неделата по почетокот на рускиот напад на Украина, а авторите изјавија дека со неговото ажурирање сакаат да ја навестат и можноста за продолжување на трендот на заминување на компаниите од пазарот на Русија.