Elvır Hodzıc
30 Јули 2022•Ажурирај: 31 Јули 2022
ПАРИЗ (АА) - Засилениот проток на возила поради годишните одмори денес во Франција предизвика голем метеж, особено на патиштата што водат кон Медитеранот и кон Атлантскиот Океан, формирајќи колони во вкупна должина од околу 800 километри, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми информираа дека автомобилите стоеле во колони низ Франција.
„На Автопатот 7, што води низ долината на Рона, на возачите им беа потребни повеќе од 5 часа за да го минат патот од Лион до Оранж. Инаку, потребни се час и половина“, соопшти компанијата Винчи, која управува со тие патишта.
„Црн викенд“ на преминот од јули во август, традиционално е време за метеж на главните патишта во Франција. Причина за тоа е заминувањето на голем број луѓе кон југ и враќање на оние чии одмори завршиле.
Оваа година метежот сепак е многу помал во однос на минатата година, кога во истиот период возачите чекаа во колони долги вкупно 1.000 километри.