Seda Sevencan,Dilara Hamit
31 Јули 2022•Ажурирај: 01 Август 2022
КИЕВ (АА) - Владимир Зеленски, претседателот на Украина која војува со Русија, синоќа нареди евакуација на населението на Доњецк, известува Агенција Анадолија (АА).
„Постои одлука на Владата за задолжителна евакуација од регионот Доњецк, сѐ е организирано. Обезбедена е целосна поддршка и помош, и логистичка и финансиска“, изјави претседателот Зеленски.
Тој истакна дека луѓето мораат да донесат одлука и да тргнат, а надлежните власти ќе им помогнат.
„Постојат стотици илјади луѓе, десетици илјади деца. Голем број луѓе одбиваат да заминат, но тоа навистина треба да се стори. Оваа одлука сепак мораат да ја донесат. Во секој случај! Верувајте ми!“, порача Зеленски.
Тој ги повика граѓаните на Украина да разговараат со оние кои сѐ уште се во зоните на борбени дејствија во Донбас и да ги уверат дека е неопходно да заминат, особено доколку во прашање се семејства со деца.