Riyaz Khaliq Khaliq
29 Април 2025•Ажурирај: 30 Април 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 22 лица загинаа, а тројца се повредени во пожар во ресторан во Кина, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Пожарот е пријавен околу 12:25 часот по локално време во градот Лијаојанг во североисточната покраина Лијаонинг, објави „Синхуа њуз“.
Кинескиот претседател Си Ѓинпинг ги повика надлежните да ги вложат „сите напори за лекување на луѓето“ повредени во пожарот.