Yusuf Özcan
29 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
ПАРИЗ (АА) - Полицијата во Париз, по повод дочекот на Новата година ќе ги зголеми мерките за безбедност, бидејќи за таа ноќ се најавени и протести на „Жолтите елеци“, јавува Anadolu Agency (AA).
Париската полиција соопшти дека ќе бидат зголемени мерките за безбедност во некои делови од градот, вклучувајќи ја и авенијата „Шанзелизе“ („Елисејските полиња“), симболот на Париз.
Во соопштението се наведува дека во западниот дел на француската престолнина ќе биде забранет сообраќајот во голем број улици.
Се забележува дека сѐ уште на сила останува заканата од тероризам.
„Жолтите елеци“ претходно соопштија дека ќе одржат протест на авенијата „Шанзелизе“, каде што вообичаено се собираат голем број туристи по повод дочекот на Новата година.
За време на протестите на „Жолтите елеци“, кои во Франција започнаа на 17 ноември, загинаа 10, повредени се повеќе од 1.000, а приведени се 4.341 лице.
Антивладините протести на „Жолтите елеци“ најмногу влијаеја на падот на економскиот раст, како и на трговските војни што се водат во светот, а кои предизвикаа недостиг на бизнис-безбедноста во многу земји.
Движењето „Жолти елеци“ носи име по безбедносните флуоросцентни елеци кои во автомобилите мораат да ги имаат сите возачи во Франција.
Протестите започнаа во знак на незадоволство поради најавеното зголемување на данокот на течните горива.