06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
ВАРШАВА (АА) - Полскиот врховен суд потврди дека се одбива барањето за екстрадиција на режисерот Роман Полански (83) во Соединетите Американски Држави, доколку тој влезе во Полска, јавува Anadolu Agency (AA).
Полански во САД го бараат за случај стар речиси 40 години, поради сексуален однос со малолетно лице.
Тричлениот судски совет на Врховниот суд го одби барањето на министерот за правда, Збигњев Зиобро, да се поништи одбивањето на екстрадицијата, да ја повтори постапката и да ја поништи одлуката на понискиот суд.
Понискиот суд утврди дека Полански издржувал казна затвор и дека, најверојатно, кога би бил екстрадиран во САД, не би имал фер судење.