Hüseyingulu Hüseyinzade
19 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
ВАРШАВА (АА) - Полскиот премиер Матеуз Моравјецки изјави дека болниците во Полска се подготвени да примат околу 10.000 ранети украински војници доколку е потребно, јавува Агенција Анадолија (АА).
Моравјецки го посети украинскиот град Лавов.
„Веќе примаме и лекуваме ранети војници од Украина. Се надевам дека војната нема да има толку страшен исход, но подготвени сме да прифатиме најмалку 10.000 војници доколку е потребно“, рече Моравјецки.
Како што рече тој, десетици украински војници биле згрижени во болниците во многу полски градови.
„Ќе направиме сè за да ги лечиме сите ранети војници од Украина. Нашите болници се подготвени за тоа. Да закрепнат и да се вратат во своите домови и кај децата“, рече Моравјецки.
Војната меѓу Русија и Украина, што започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции кон Москва и го поттикна егзодусот на светските компании од Русија.
Најмалку 2.072 цивили се убиени и 2.818 ранети во Украина од почетокот на војната, според проценките на Обединетите нации, а реалните бројки се многу поголеми.
Повеќе од 4,9 милиони Украинци побегнаа во други земји, а повеќе од седум милиони се внатрешно раселени, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.