Mehmet Yılmaz,Aşkın Kıyağan
18 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
ВАРШАВА (АА) - Полското Министерство за одбрана соопшти дека е приведена група од околу 100 мигранти при обид да ја преминат границата во областа Дубице Церкивне, на границата на земјата со Белорусија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полското Министерство за одбрана на својот профил на Твитер ја сподели снимката на која се гледа дека групата што ја преминува границата се приведува од страна на војниците.
Министерството во соопштението вели: „Мигрантска група составена од околу 100 лица е приведена од страна на безбедносните сили.“
Исто така, се зистакнува дека луѓето кои сакаат да мигрираат во ЕУ и кои чекаат на границата на двете земји, доцна во ноќта се обиделе да ја преминат границата.
Меѓу другото, се наведува дека Белорусија им помага на оние кои чекаат на границата за да преминат на полска страна.
Се додава дека една група ги вознемирувала војниците фрлајќи разни предмети врз нив, додека друга група се обидела да ја премине границата преку друга точка.
- Мигрантската криза на границата на двете земји -
Продолжува чекањето на голем број луѓе кои околу три месеци се обидуваат од Белорусија да преминат во Полска со цел мигрирање во ЕУ.
Од 8 ноември на границата меѓу Белорусија и Полска продолжува маката на повеќе од 2.000 луѓе, меѓу кои значителен број деца и жени, кои дојдоа од Ирак и Сирија.
Се наведува дека над 10 лица починале на границата поради ниските температури, неисхранетоста и лошите услови.