Lokman İlhan,Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Април 2019•Ажурирај: 16 Април 2019
КАРАКАС (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, побара од претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, итно да ја отвори границата со Колумбија, по неуспешната иницијатива на опозицијата на 23 февруари да внесе хуманитарна помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Помпео и колумбискиот претседател Иван Дуке, при посетата на градот Кукута, го посетија и меѓународниот мост „Симон Боливар“, каде што долго време се случуваат конфликти помеѓу венецуелската опозиција и безбедносните сили во однос на хуманитарната помош.
Потоа, Помпео и Дуке, на граничниот премин „Тиендитас“, каде што се наоѓа магацинот за хуманитарна помош испратена од САД на венецуелската опозиција, дадоа изјави за медиумите.
Помпео, и покрај големата поддршка што ја обезбедуваат за опозицијата на Мадуро, којшто не успеаја да го соборат 3 месеци, побара да ја отвори границата со Колумбија што ја затвори на 23 февруари, за да може да се внесе хуманитарната помош.
„Г-дин Мадуро, отворете ги овие мостови, овие граници. Можете денес да ставите крај на ова. Се надевам дека откако ќе го видите ужасот, трагедијата, ќе ги смените вашите методи“, нагласи Помпео.
Државниот секретар на САД, Помпео, одговарајќи на новинарското прашање „Дали великодушноста покажана за Венецуелците што ја напуштаат земјата не е во спротивност со непријателската политика на САД против имигрантите на јужниот крај на земјата?“, истакна дека споредбата е „апсурдна“.
„Бидејќи Николас Мадуро не ја прифаќа хуманитарната помош што стои тука, луѓето умираат од глад. Ова е страшно. Ништо не може да е слично на ова“, рече Помпео.
Помпео, исто така, повтори дека двете земји го признаваат претседателот на Националното собрание, Хуан Гваидо, кој се самопрогласи за претседател, и го повика Мадуро да ја напушти функцијата.
- Санкциите ќе продолжат
Помпео истакна дека САД ќе продолжат со економските санкции врз Венецуела и дека САД и Колумбија „сакаат подобра иднина за граѓаните на Венецуела“.
Дуке, во својот говор, истакна дека се надева оти Мадуро ќе биде соочен со судење во Меѓународниот кривичен суд.
САД за да го намалат влијанието на имигрантите од Венецуела, на Колумбија, Перу и на другите сојузници во Јужна Америка им помогнаа со околу 275 милиони долари.