İslam Doğru
15 Април 2019•Ажурирај: 16 Април 2019
ЊУЈОРК (АА) - Ураганот и поплавите што се активни во јужните сојузни држави на САД досега одзедоа 8 животи, од кои 3 се деца, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави агенцијата „Асошиејтед прес“ (Associated Press), ураганот и поројните дождови во американските сојузни држави Тексас, Мисисипи, Луизијана, Арканзас и Џорџија беа причина за смртта на 8 лица, меѓу кои и 3 деца, а десетици лица се повредени.
Се вели дека причина за смртните случаи се соборените дрвја врз автомобили и куќи и давењето во поплавите предизвикани од поројните дождови.
Ураганот предизвика големи оштетувања на домовите и деловните објекти, особено во источните делови на сојузната држава Тексас, а околу 90.000 лица останаа без електрична енергија.
Поради циклонот што го зафати подрачјето околу кампусот на државниот Универзитет во Мисисипи, 21.000 студенти се скриени во подрумските простории, чекајќи го подобрувањето на времето.
Американскиот национален сервис за метеорологија објави дека е измерено оти брзината на ветерот во циклонот формиран од ураганот изнесувала 225,3 километри на час.