Emre Aytekin
06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
БАНГКОГ (АА) – На југот од Тајланд во поплавите што ги предизвикаа големите врнежи од дожд загинаа 14 лица, јавува Anadolu Agency (AA)
Министерството за внатрешни работи изјави дека, во последните 6 дена на југот од државата, каде 11 провинции беа зафатени од катастрофални поплави бројот на загинати лица достигна до 14.
Во изјавата се наведува дека, повеќе од пола милион луѓе се погодени од поплавите, а најмалку 3 лица се исчезнати.
Овој регион кој се смета за туристички центар со своите плажи и острови е негативно погоден во најфрекфентниот период од сезоната.
Властите изјавија дека е почнато повлекување на водата, три провинции се отстранети од листата на катастрофални подрачја, а во четвртата провинција состојбата почнува да се враќа во нормала.
Метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат интензивни врнежи од дожд во јужен Тајланд и за следната недела.