Kristina Maslareviç
15 Март 2016•Ажурирај: 16 Март 2016
БЕЛГРАД (AA) - Премиерот на Србија Алексадар Вучиќ, во прилика на заедичката посета со припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија, Војската на Србија и останатите служби во селото Велико Поље, каде е обновен одбрамбениот sид, кај Обреновац, најави дека вонредната состојба која е воведена поради поплавите и појавата на клизиштата ќе биде укината денес, јавува Anadolu Agency.
Исто така, најави и дека државната помош на граѓаните кои се погодени од поплавите ќе започне веќе следната недела ќе започне исплатата на севку
„До крај на неделата комисиите за проценка на штетите ќе ги завршат извештаите и веќе следната недела ќе започне исплатата на сеопфатната помош", рече Вучиќ и додаде дека помошта ќе биде пропорционално поголема од помошта по мајските поплави 2014 година, бидејќи помалку подрачја се поплавени.
По посетата на санитарниот насип, Вучиќ им рече на граѓаните на Обреновац „дека веќе нема да имаат причина да стравуваат од излевање на реката, бидејќи во наредниот период ќе бидат изградени пет брани и акумулациони езера, кои ќе обезбедат двојна заштита" .
"По поллавите од мај 2014 година, државата направи 29 брани и 304 водни објекти, додека во изминатите 20 години се направени вкупно 19 брани", рече Вучиќ.
Вонредната состојба е воведена минатиот четврток, на предлог на Републичкиот штаб за вонредни ситуации како превентивна мерка, со која ќе се олесни и забрза делувањето на сите органи во заштитата на животот и безбедноста на граѓаните, како и во остранување на последниците од поплавите.