Muhammet Kurşun
14 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
ТЕХЕРАН
Владата на Иран соопшти дека поплавите што изминатите недели ја зафатија целата земја предизвикале материјална штета од 7,6 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Иранскиот министер за внатрешни работи, Абдурриза Рахмани Фазли, им се обрати денеска на пратениците во иранскиот Парламент, информирајќи ги дека од актуелните поплави се зафатени 25 од 31 покраина во земјата.
Поројните врнежи и бурата во Иран траат од 17 март, а досега животот го загубија најмалку 76 лица.
„Поплавите предизвикаа голема материјална штета во 25 покраини, односно, во 4.400 населени места. Се проценува дека се работи за материјална штета од најмалку 7,619 милијарди долари“, рече Фазли.