Adel Abdelrheem Humaida Elfadol,Hamdi Yıldız
15 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
КАРТУМ (АА) – Портпаролот на Преодниот воен совет во Судан, генерал-потполковник Шемседин Кебаши, на прес-конференција ги соопшти одлуките донесени од страна на Советот, јавува Anadolu Agency (AA).
Кебаши истакна дека идната влада ќе биде формирана од политичките групи и од партиите, и дека Воениот совет нема да номинира свој кандидат.
Тој, исто така, истакна дека Ебу Бекир Мустафа е именуван како директор на Безбедносната и разузнавачка служба и дека во Единиците на Безбедносните и разузнавачките служби се донесени некои правила.
Кебаши наведе дека се формирани поткомитети во Советот, а како пример ги наведе комисиите за економија и за надворешни односи.
- „Законот треба да се ревидира“
Кебаши наведе дека Законот за општ изглед и облека познат како Закон за регулација ќе биде повторно разгледан бидејќи од страна на невладините организации беше критикуван дека ги прекршувал човековите права.
„Заштитата на демонстрантите е под наша одговорност“, рече Кебаши, предупредувајќи дека во протестите нема да се дозволи затворање на мостовите и патиштата.
Тој, исто така, наведе дека во оваа фаза од многу места има ветувања за помош.
- Меѓународни состаноци на Преодниот воен совет
Во изјавата, портпаролот на Преодниот воен совет, Кебаши, нагласи дека претседателот на Советот, Бурхан, во Претседателската палата во Картум води разговори со делегациите на САД, Велика Британија, Норвешка и Европската Унија.
Кебаши истакна дека Бурхан се состанал и со американскиот заменик-амбасадор во Картум, Стивен Каутсис, но не даде детали за средбата.
Во изјавата, Кебаши наведе дека Каутсис истакнал дека за зајакнување на односите на САД и Судан е потребно продолжување на соработката меѓу двете земји.