Поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбајев, ослободен од затвор
Демонстрантите кои по полноќ ги окупираа Претседателската палата, како и зградата на Парламентот, што се наоѓа во оваа палата, се насочија кон затворот близу Претседателската палата, каде што се наоѓаше и АтамбајевNazir Aliyev Tayfur
06 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
БИШКЕК
Демонстрантите во Киргистан, кои протестираат против резултатите од парламентарните избори, го ослободија поранешниот претседател Алмазбек Атамбајев од затворот што го окупираа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите кои по полноќ ги окупираа Претседателската палата, како и зградата на Парламентот, што се наоѓа во оваа палата, се насочија кон затворот близу Претседателската палата, каде што се наоѓаше и Атамбајев.
По настанатиот судир, демонстрантите влегоа во зградата, а потоа надлежните го ослободија Атамбајев и го предадоа на неговите следбеници.