Ata Ufuk Şeker
29 Август 2020•Ажурирај: 31 Август 2020
БРИСЕЛ (АА) - Поранешниот советник на премиерот на Белгија, Коерт Дебуф, посочи дека Турција е во право во Источниот Медитеран, и дека истакнатите мапи со грчките тврдења се непропорционални, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дебеф, главниот уредник на бриселската веб-страница за вести „ЕУобсервер“ (EUobserver) на својот профил на социјалните мрежи се осврна на развојот на случувањата во Источниот Медитеран.
Дебуф истакна дека Грција со споделувањето на мапата за „Ексклузивна економска зона“ покажува дека всушност Турција е во право.
„Грчките територијални води во однос на територијалните води на Турција се непропорционални“, нагласи тој.
Дебуф, кој беше советник и портпарол на поранешниот белгиски премиер Гај Верхофштат, спроведува разни истражувања на универзитетите „Оксфорд“ и „ВУБ“ (Vrije Universiteit Brussel), а исто така е уредник на веб-страницата за вести „ЕУобсервер“.
Студиите на Дебуф особено во областа на меѓународните односи привлекуваат големо внимание.