Ayşe Aktaş
12 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
САН ХУАН (АА) - Порториканците на вчерашниот референдум се изјаснија дека сакаат да бидат 51. сојузна американска држава, јавува Anadolu Agency (AA).
Одѕивот на гласачите на референдумот беше 23 отсто, а 97 гласачи изразија желба Порторико, кој во моментов е територија на САД, да стане 51. сојузна американска држава.
Во земјата којашто се соочува со економска криза, гласачите беа во можност да изберат меѓу неколку опции: да станат дел на Соединетите Американски Држави, Порторико да го задржи моменталниот статус или да стане независна држава.
Ова е најмалиот одѕив од 1967 година.
Конечната одлука за статусот на Порторико ќе ја донесе Конгресот на САД, но експертите сметаат дека членовите на Конгресот, од кои мнозинството го сочинуваат Републиканците, нема да се согласат САД да додаде уште една федерална држава.
Кога станува збор за надворешните работи, Порторико е зависен од САД, што не е случај и со внатрешните работи.
Порториканците имаат американско државјанство и право да живеат во САД.
Ако стане 51. сојузна држава, Порториканците ќе бидат во можност да го избираат претседателот на САД и претставниците во Конгресот.