Ekipa
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
ЗАМБОАНГА (АА) - Властите во Филипини прогласија состојба на катастрофа по потврдените случаи на птичји грип во северната провинција Пампанга, јавува Anadolu Agency (AA).
Емануел Пинол, државен министер за земјоделство, рече дека се затворени шест фарми во Сан Карлос и Санта Рита во Сан Луис. Тој додаде дека кога ќе се прогласи состојба на катастрофа, земјоделците во погодената област добиваат средства за санација на штетата.
Пинол истакна дека во провинцијата Пампанга од птичји грип починале 37.000 од 200.000 живина. Беше одлучено дека целата живина во кругот од еден километар околу Сан Луис ќе биде одземена, додека областа во радиус од седум километри ќе биде под контрола на владата, со цел да се спречи ширењето на птичјиот грип. Тимовите за карантин опремени со спрејови се стационирани на излезните точки да можат да ги идентификуваат сите возила кои ја напуштаат областа.
Пинол ги повика властите во сите филипински провинции за спроведат карантински мерки за намалување на потенцијалното ширење на птичјиот грип.
Исто така, од јавноста побара да остане смирена бидејќи, како што рече, Владата не е неподготвена за оваа ситуација.
Досега не е пријавен ниту еден случај на пренос на птичји грип од живина на човек.