Ekipa
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
КАРТУМ (АА) - Образовните установи во провинцијата Нијала во Судан, кои беа поврзани со терористичката организација ФЕТО, се отстапени на управување на турската Фондација Маариф, јавува Anadolu Agency (AA).
Договорот за отстапување на установите на Фондацијата Маариф беше потпишан вчера во Картум, од страна на директорот на Фондацијата за подрачјето на Судан, Омер Алчеп, и претставник на Министерството за образование на Судан, Ел-Хади Абдурахман Екбер Абдула.
Според потпишаниот договор, на Фондацијата Маариф отстапени ѝ се три објекти, вклучувајќи ја и образовната установа.
Владата на Судан во мај оваа година, на Фондацијата Маариф ѝ отстапи пет училишта и два интерната, а установите претходно беа поврзани со терористичката организација ФЕТО. Со преземање на образовните установи во Нијала, Фондацијата Маариф ги презеде сите установи на ФЕТО во Судан.
Алчеп во изјава за АА рече дека сите преземени установи сега се под контрола на Фондацијата, и дека фокусот на нивната работа ќе биде квалитетот на образованието.