Furkan Naci Top
11 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
АТИНА (АА) - На отворено море кај грчкиот остров Лезбос потона мал брод со мигранти. Во несреќата животот го загубија 7 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Грчката новинска агенција АМНА јави дека мал брод со мигранти потонал на околу 4 километри од брегот на островот Лезбос. Во несреќата животот го загубиле 7 лица, од кои 4 жени и 2 деца.
Грчката крајбрежна стража и екипите на Европската агенција за оперативна соработка и управување со надворешните граници на земјите членки на Европската Унија (Фронтекс), со бродови и хеликоптери спроведоа акција во која од морето живи се извлечени 57 лица.
Филип Леклерк, претставникот за Грција на високиот комесар за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), во врска со случајот изјави „Оваа трагедија многу болно нѐ потсети дека сѐ уште постојат луѓе кои се обидуваат преку ова опасно патување да стасаат до островите во Егејот.“
Според податоците на УНХЦР, од почетокот на оваа година досега, на грчките острови пристигнале 10.700 мигранти, а 39 лица ги загубија животите во Егејското Море.