Ekipa
11 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Во Латакија, на западниот дел на Сирија, одржани се првите демонстрации против режимот на претседателот Башар ал Асад, а станува збор за град на брегот на Средоземното Море кој се смета за „тврдина“ на режимот на Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори јавуваат дека демонстрантите синоќа се собрале во центарот на Латакија и протестирале поради прекин на доставувањето електрична енергија во тој регион.
Демонстрантите извикуваа и слогани за поддршка на бунтовничката Слободна сириска војска.
Тоа беа први протести во родниот град на семејството на Асад уште од април 2013 година.
Антирежимските протести во Латакија пред шест години ги задушија вооружените сили лојални на режимот на Асад.
Синоќешните протести се одржани откако во саботата, во судирите на северниот дел на Сирија, загина репрезентативецот, фудбалерот Абделбасед Сарут, кој беше еден од хероите и икони на отпорот на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Сарут беше 27-годишен фудбалски голман кој бранеше во сириските национални селекции во категориите У-17 и У-20, за на почетокот од војната во Сирија да застане во бунтовничките редови и стане командант во неговата родна Хама.
На пошироката јавност Сарут ѝ е познат како главен јунак од наградуваниот документарец „Враќање во Хомс“ од 2013 година.