Dildar Baykan
16 Октомври 2018•Ажурирај: 17 Октомври 2018
ЊУЈОРК (АА) - Пол Ален, еден од коосновачите на технолошката компанија „Мајкрософт“ („Microsoft“), почина на 65-годишна возраст во американската сојузна држава Сиетл, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Иразуваме длабока тага поради смртта на нашиот основач, Пол Г. Ален, еден од коосновачите на „Мајкрософт“, значаен технолошки експерт, филантроп, музичар, и поддржувач на уметноста“, се вели во соопштението на инвестициската компанија „Вулкан“, чиј сопственик беше Ален.
Според соопштението, Ален починал вчера во Сиетл.
Ален заедно со Бил Гејтс во 1975 година ја основаа компанијата „Мајкрософт“, а извесно време потоа ја напушти оваа компанија поради болест.